Со задоволство го најавуваме првиот настан организиран од страна на Студентското Здружение за Молекуларна Медицина- Панел дискусија насловена Интеграција на молекуларната медицина во секојдневната пракса- Иновации и предизвици.
Молекуларната медицина денес игра клучна улога во современата медицина, овозможувајќи подлабоко разбирање на биолошките процеси на молекуларно ниво. Преку анализирање на гените, протеините и другите молекули, се унапредува дијагностицирањето, превенцијата и се овозможува персонализиран третман на болести како рак, невродегенеративни состојби и автоимуни заболувања. Благодарение на сознанијата од молекуларната медицина, денес можеме да развиваме прецизни терапии кои се прилагодени на индивидуалните генетски профили, што го револуционизира здравствениот систем и ја подобрува грижата за пациентите.
Во оваа панел дискусија, нашите професори, истакнати експерти во својата област, ќе дадат увид во примената на молекуларно медицинските методи и знаења во нивната секојдневна работа, во нивните сопствени истражувања, клучните трендови што ги виделе додека се развива областа, како и најчестите предизвици со кои се соочуваат.
Што ќе научите?
- Што претставува молекуларната медицина и како таа го менува пристапот кон дијагнозата и лекувањето на болестите.
- Како молекуларната медицина обезбедува интердисциплинарен пристап за подобро разбирање на сложените биолошки системи.
- Конкретни примери за примена на молекуларни техники во секоја од овие дисциплини.
- Перспективи за идни истражувања и потенцијални кариерни можности во овие полиња.
На овој прв настан може да учествуваат сите заинтересирани без разлика дали се активни членови или не, но активните членови ќе имаат предност доколку дојде до исполнување на капацитетот на салата. Побрзајте и пријавете се на отворената пријава објавена на нашиот веб-сајт
Локација: Свечена сала на Земјоделски факултет – Штип
*Пријавените посетители ќе добијат сертификат за учество.
Форма за пријавуавање
Нема повеќе слободни места.
This event has expired
Цена
БесплатноДатум
25 January, 2025Почеток
12:00 PM - 1:00 PMСлободни места
120Зафатени места
1